




Моќно Веб ориентирано ERP решение моделирано на Вашите потреби
Преку 0 инсталации и задоволни комитенти

Рекоа за нас
[testimonial_view id=1]
ERP софтвер – “интеграција” на процесите во една компанија.
меѓусекторско поврзување во компанијата и нивно насочување кон целокупното работење
споделување на информации помеѓу различни сектори
обезбедување на комплетен увид во работењето на компанијата

За компании кои
Имаат потреба од многу различни типови на документи како и специфични типови на документи кои треба засебно да се програмираат
Имаат потреба од документ менаџмент систем (ДМС)
Имаат потреба од строго контролиран и прецизен тек на работи и настани
Имаат потреба од детална контрола и евиденција на тоа кој работник какви активности може да извршува во рамките на системот
Имаат потреба од меѓусебна комуникација и кореспонденција која треба да биде сочувана и документирана
Имаат една централна локација(канцеларија) каде е сместен главниот сервер и повеќе објекти на различни оддалечени локации но немаат потреба или не сакаат да вложуваат во комплицирани информатички системи за поврзување и скапи интернет конекции
Работат со увоз и извоз
Имаат едноставен и сложен производствен процес
Работат во услужна дејност
Веб ориентирано решение

Лесно оддржување и надоградба
Поголема контрола над документи
Графички интерфејс со голема резолуција
Лесно прилагодување кон различни видови хардвер
Експорт на податоци во повеќе облици
Придобивки
Приспособливост
лесно адаптибилен систем
Намалување на комплексноста
уредно дизајниран систем на работни процеси.
Квалитет на податоците
полесна евиденција, а со тоа донесување и правилни одлуки при менаџирањето.
Пониски трошоци на работењето
иновативно менаџирање со ресурсите во компанијата.
Подобар однос со клиенти
подетална контрола и следење на бизнис процесте.
Бизнис анализатор
користење моќ на интелигентни алатки.
Подобар пристап на податоци и известување
напредено корисничко управување и контрола на пристапот на податоци и информации.
Подобар синџир на снабдување
подобрена набавка, подобрена прогноза на побарувачката, итн. Подобрување на целиот синџир на снабдување.

Компоненти
{slide=Шифрарници? }
- Евиденција на артикли со шифра, назив, баркод, нормативи/рецептури
- Групирање на артикли во групи, подгрупи итн.
- Евиденција на комитенти со шифра, назив, адреса, контакт информации со можност за диференцијација на комитенти и доделување засебни ценовници
- Креирање на редовен ценовник, неограничен број на посебни ценовници
- Организирање на акциски, сезонски, дневни и други видови попусти на артикли или групи на артикли
- Креирање на различни типови на документи по желба со соодветни карактеристики зависно од потребите на компанијата
- Специјални баркодови за ваги кои печатат налепници со измерен артикал и количина
- Евиденција на корисници на системот со различни нивоа на пристап до опциите
{/slide}
{slide=Материјално работење? }
- Набавки од домашни добавувачи со Приемници
- Производство преку дефинирање на производи и рецептури за нивно производство од суровини или други артикли со Работни налози за производство (склопување) или расклопување
- Корекција на залихата преку попис и записници за изминати рокови на траење и други причини
- Продажба на големо преку Испратници/Фактури, Консигнации, Реверси
- Продажба на мало преку Фискални сметки, Сметкопотврди, Одложено плаќање
- Поврат на продадени артикли од купувачи преку Повратници или Сторни сметки
- Креирање на Нарачки кон добавувачи или од купувачи, Понуди/Профактури со автоматско генерирање Испратница/Фактура по прифаќање на понудата
- Пренос на залиха помеѓу магацини, од магацин до продавница и обратно
{/slide}
{slide=Комерцијално работење? }
- Евиденција на плаќања од купувачи и кон добавувачи
- Евиденција на отворени ставки
- Фактурирање по основ на издадени Испратница или една Фактура од повеќе Испратници
- Доделување на дилерски ценовници за дилери или чести купувачи
- Доделување попусти со процент или номинално и автоматски генерирање на документ одобрение за попуст
- Евиденција на нефактурирани испратници
- Евиденција на плаќања во готово или со платежни картички
{/slide}
{slide=Извештаи? }
- Моментална лагер листа како и лагер листа за одреден датум во минатото
- Материјална картица за артикал со целосна хронологија на измените на артиклот
- Детален извештај за продажба преку фискални и нефискални сметки соразлични видови на филтрирања и сортирања како на пример по продавач, смена, час од-до итн.
- Спецификација на продажба преку сите типови на документи и на сите начини со разни филтрирања и сортирања
- Извештај за избришани ставки кој помага да се види кој документ или ставка е избришана од кој документ и чија страна
- Извештај за остварена разлика во цени (разлика меѓу набавната и продажната цена на продадените артикли)
- Извештај за раздолжување со готовина на крајот од работниот ден за секој работник посебно
- Евиденција во трговијата на мало (образец ЕТ)
- Евиденција во трговијата со услуги (обрзец ЕТУ)
- Книга на дневни финансиски извештаи (образец КДФИ)
{/slide}
{slide=Операции со фискален принтер? }
- Внес и вадење на службени пари од касата преку фискален принтер
- Скратен и детален периодичен извештај за прометот во фискалниот принтер
- Контролен дневен извештај и дневно фискално затворање
{/slide}
Документ менаџмент систем
Модул финансии
сметководствениот модул е ефикасен, стабилен безбеден и моќен модул кој е едноставен за употреба
Нуди деловно советување и консталтинг можност за деловни извештаи кои се извезуваат преку PDF, MS Excel, XML или е-пошта
Можноста за внатрешно (интерно) сметководство дава посилна и сеопфатна контрола на деловните процеси во една компанија. Врз основа на тоа компанијата станува поефикасна и поефективна во управувањето со финансиските средства, ресурси и менаџирање на буџетот
Модул за плати
Пресметката на плати е направена согласно законските прописи и барања како и барањата на клиентскиот софтвер на УЈП.
Модулот ги опфаќа процесите на евиденција на вработените со сите потребни податоци за пресметка на плата, внес и промена на параметри за пресметка на плата, месечна евиденција на боледување и надоместоци, месечна евиденција на часови, месечна евиденција на задршки и разлики, отплата на кредити, како и низа на прегледи за следење, контрола и анализа на пресметката.
Модул за основни средства
Амортизациски тарифи
Амортизациони планови
Ревалоризација на вредности
Месечни и годишни амортизации
Извештаи на основни средства
Извештаи за амортизација
Префрлување на основни средства
Преглед на основни средства

ERP овозможува
Технологија и безбедност
COLLAB е софтвер кој ги задоволува сите критериуми за модерна апликација
Развој преку најсовремени програмски алатки
Можност за инсталација на сервер со Linux оперативен систем
Tomcat Apache веб сервер
Безбеден пристап реализиран преку VPN врска
Back up со цел за заштита од губење податоци
Синхронизација
Компатибилни софтверски производи
Ресторани и маркети
Сакате да ја подобрите и забрзате услугата?
Полесно уредување и внесување на нови документи и артикли?
Најпродаваниот софтвер за малопродажба и ресторанско работење
Бензиски пумпи
Сакате да ја подобрите и забрзате услугата?
Полесно уредување и внесување на нови документи и артикли?
Автоматизација на бензиски пумпи
Имплементација и поддршка
Годишната гаранција опфаќа 12 месеци, комплетна поддршка.
За пост гаранциското одржување Акцент има спремено понуда во три нивоа на поддршка, во зависност од потребите на клиентот.
Ниво 1 на поддршка се наплатува 20% или 25% од вкупната вредност на софтверското решение, годишно, во завиност од временската рамка за интеревенција:
- 10% од вкупната сума на софтверското решение за имплементација на сите задолжителни законски регулативи кои се одразуваат на дел од процесите во софтверот, како и нови (подобрени и надградени) верзии на софтверското решение.
- 10% или 15% од вкупната сума на софтверското решение за интервенции:
- Број на интервенции се одредува во зависност од фактурираната сума за софтверското решение, сметано по 2.000 денари од работен час.
- Рокот за интервенирање е 24 часа од моментот на пријавување на проблемот.
- По искористените часови за интервенции, интервенцијата се наплатува по работен час, односно 2.000 денари/работен час, во пакет од по 5 интеревенции.
- Доколку комитентот има потреба да се интервенира веднаш, на територијата на Скопје, односно во рок од 2 часа, во тој случај, еден час интервенција се наплатува 2.500 денари.
- Доколку комитентот има потреба да се интервенира веднаш, но на територијата на Македонија, односно надвор од Скопје, во рок од 5 часа, во тој случај еден час интервенција се наплатува, исто, 2.500 денари, но дополнително се наплатуваат и патни трошоци, односно 30 денари од поминат км.
- Дополнителна обука за софтверското решение се наплаќа по 2.000 денари од работен час.
Телефонска поддршка:
- Во работни денови, телефонската поддршка се одвива во работно време, односно, од 09:00 – 17:00 часот (20%) или од 09:00 22:00 часот (25%).
- Во неработни денови и празници, кои согласно законот се прогласени за неработни денови, телефонска поддршка не е предвидена.
- Доколку корисникот има потреба за интервенирање вон работно време, неработни денови и празници, работниот час ќе се наплаќа по 3.500,00 денари.
Ниво 2 на поддршка се наплатува 10% од вкупната вредност на софтверското решение, годишно:
- 10% од вкупната сума на софтверското решение за имплементација на сите задолжителни законски регулативи кои се одразуваат на дел од процесите во софтверот, како и нови (подобрени и надградени) верзии на софтверското решение.
- Интервенциите се наплаќаат дополнително по 2.500 денари од работен час
- Рокот за интервенирање е 24 часа од моментот на пријавување на проблемот.
- Доколку комитентот има потреба да се интервенира веднаш, на териториата на Скопје, односно во рок од 2 часа, во тој случај, еден час интервенција се наплатува 3.000 денари.
- Доколку комитентот има потреба да се интервенира веднаш, но на територијата на Македонија, односно надвор од Скопје, во рок од 5 часа, во тој случај еден час интервенција се наплатува, исто 3.000 денари, но дополнително се наплатуваат и патни трошоци, односно 30 денари од поминат км.
- Дополнителна обука за софтверското решение се наплаќа по 2.000 денари од работен час.
Телефонска поддршка:
- Во работни денови, телефонската поддршка се одвива во работно време, односно, од 09:00 – 17:00 часот(20%).
- Во неработни денови и празници, кои согласно законот се прогласени за неработни денови, телефонска поддршка не е предвидена.
- Доколку корисникот има потреба за интервенирање вон работно време, неработни денови и празници, работниот час ќе се наплаќа по 3.500,00 денари.
Интервенција од работен час за време на викенди и празници ќе се наплаќа по цена повисока за 50% од договорената.
Сите активности од техничката поддршка ќе бидат евидентирани во работни налози преку кои ќе се утврдува вкупниот обем на работа во текот на годината.
Доколку договрените часови за поддршка не се искористат во тековната година, истите не може да се пренесат во следната година.
Цените се без ДДВ 18%.
{/slide}
[logoshowcase cat_id=”6″]
Побарајте помош за вистинското решение за Вашето работење
Доколку имате прашање за постоечките функционалности или потреба од нови, тимот на Акцент Ви стои на располагање.
Нашата цел е Клиентот СЕКОГАШ да биде задоволен!
Бројот на клиенти секојдневно расте, а со тоа и нашиот ТИМ.
Квалитетот на нашите софтверски решенија ни дава за право да се истакнеме со голем број задоволни клиенти.
: +389 2 3 133122 лок: 854 или 855
: salesteam@accent.com.mk
![]()


